Здружението на хумани граѓани „Јорданчо Џамов“ организира хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ , кој ќе се одржи на 15 јуни во Градскиот пар во Кочани.
Настанот како што најавуваат организаторите има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за: изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ и помош и поддршка за семејства од ранливи категории.
На предлог на „Здружението на граѓани 16 март 2025“, Советот на општина Кочани на седницата одржана на 31 јануари, едногласно донесе одлука да се изгради и уреди спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63 ангели“, за трајно сеќавање на починатите. .
На хуманитарниот настан ќе се одржи модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и ќе има биде оргганизирана продажба на фустани, а сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на хуманитарната цел на настанот.
