Вести Македонија Најважни

ФОТО/ВИДЕО: Телма открива како од ГУГЛ перспектива изгледа тунелот за бегство во Идризово

Графичка анимација на ТЕЛМА открива во кој правец се простирал тунелот за бегство од Идризово.

Осуммина затвореници стигнале на неколку метри од надворешниот ѕид и на чекор да избегаат на слобода наместо да ги одлежат долгите или доживотни казни.

Врз основа на снимките кои ги објави МВР,  ТЕЛМА со дигитална проверка на јавно достапни податоци утврди дека тунелот е откриен во близина на затворската депонија каде се наоѓаат повеќе контејнери за одлагање на смет.

Тунелот почнувал во поранешната работилница која се наоѓа до главната затворска зграда во затворениот дел на затворот Идризово.

Оттаму тунелот се простира во правец на југоисток, а ископаниот дел стигнал речиси до ѕидините на затворот. Тунелот за да биде успешен потфат за бегство, требало да продолжи под ѕидот односно во тој дел да биде подлабоко ископан.

Зад ѕидините на овој потег на Идризово се наоѓа отворено поле. Десно или дестаина метри кон север се наоѓа паркинг просторот за складирање на одземени автомобили, а на стотина метри исто така на север (кон патот кој поминува пред затворот) се наоѓа и новоотворената дигитална судница планирана за одржување на судски рочишта за обвинети за најтешки и најсериозни кривични дела како и за тероризам.

Кон југ е отворен простор со полиња кои припаѓале на затворската економија. На двесте метри јужно од местото за обид за бегство е реката Вардар.

 

Анимацијата на Телма е објавена во прилогот„По тајната стража, 20 дена никој не се приближил до тунелот – кој ги известил затворениците дека полицијата им влегла во траг?“ и на инстаграм профилот на Телма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе