Спорт Фудбал

Трајковски: Да не ја потцениме Малта, сакаме да отвориме со победа

Фудбалската репрезентација на Македонија го почнува новиот циклус на квалификации и овој пат составот предводен од Благоја Милевски ќе се бори за нов настап на Европското првенство.

Задачата ќе биде тешка со оглед на фактот дека имаме исклучително силна група, но македонските репрезентативци предвреме не се предаваат и ќе се обидат повторно да бидат дел од едно големо натпреварување.

Прв противник во новиот циклус ни е селекцијата на Малта која според рејтингот е најслабиот противник, но тоа значи дека предвреме треба да ги впишеме трите бода.

“Почнуваме нов циклус имаме тешка група, прв противник ни е репрезентацијата на Малта. Во денешниот фудбал нема аутсајдери и во ниту еден момент не смееме да кажеме дека ќе биде лесно. Добро ќе се подготвиме за првиот натпревар, знаеме дека на хартија сме фаворити, но ние мора да одиграме на највисоко ниво зошто првиот меч секогаш е многу важен, сакаме да отвориме со победа и во иднина да постигнуваме што е можно подобри резултати”, изјави еден од најискусните во нашиот состав Александар Трајковски.

Секои квалификации е добро да се почнат со победа, ние имавме среќа овој циклус да го отвориме на домашен терен и таа предност мора да се искористи.

“Убаво е да го започнеме циклусот на домашен терен. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број. За нас е многу важно да имаме поддршка од трибините, за нас е најважно да играме добро да покажеме дека секогаш даваме максимум и сигурно дека од натпревар во натпревар ќе имаме уште поголема поддршка од навивачите”, продолжи Трајковски.

Примарна цел е да се освојат трите бода, а за одржување на континуитетот ќе биде одличен резултат и ако славиме во следниот предизвик и контролниот натпревар со Фарски острови.

“Мораме да одиме на победа, секако дека сакаме да освоиме три бода кои ќе бидат многу важни за нас целта е добро да го отвориме овој циклус и да потоа да продолжиме во добар ритам”, заврши македонскиот репрезентативец.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе