Спорт Фудбал

Севилја го брка Сампаоли и преговара со Мендилибар

По вчерашниот пораз од Хетафе кој е директен конкурент во битката за опстанок во Ла Лига, челниците на Севилја до крајот на денот се очекува да му врачат отказ на тренерот Хорхе Сампаоли.

И покрај фактот што долго време се размислуваше дали да се прекине соработката со Аргентинецот, челниците на Севилја се решаваа да ја пролонгираат одлуката се со цел да му не се исплаќа обештетување од еден милион евра, сума која дополнително ќе ја влоши финансиската состојба во клубот.

Сепак фактот дека во последните пет натпревари се освоени само четири бода и забележани се три порази, водечките луѓе на клубот го загубија трпението и се на прагот да ја прекинат соработката.

Во моментов Севилја преговара со Хозе Луис Мендилибар, кој доколку ја прифати понудата за преземање на екипата веќе од утре ќе почне со новиот ангажман.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе