Спорт Фудбал

Челзи ќе дозволи трансфер на Маунт

Откако во последните два преодни рока Челзи потроши огромна сума на засилувања, раководството на клубот полека почнува да се ослободува од играчите за кои смета дека се вишок во екипата.

Прв кој доби дозвола да ја смени средината е англискиот репрезентативец Мејсон Маунт. Дваесет и четири годишниот фудбалер следното лето ќе има статус на слободен играч, но неколку пати ги прекина преговорите за продолжување на соработката.

Маунт е незадоволен од финансиските услови бидејќи Челзи му нуди неделна плата од 180.000 фунти наспроти неговото барање таа да изнесува 70.000 повеќе.

Тој е еден од најслабо платените играчи во екипата и неговите моментални примања се 80.000 фунти неделно и тоа е главната причина поради која тој сака да си замине од Стемфорд бриџ.

Откупната клаузула во договорот е 90 милиони фунти, но со оглед на фактот дека влегува во последната година тој најверојатно ќе може да ја смени средината и за двојно пониска сума.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе