Спорт Фудбал

Астон Вила влегува во трката за Лукаку

Само неколку дена откако Интер објави дека нема да го задржи Ромелу Лукаку и дека тој може да се врати во Челзи, неколку клуба покажаа интерес за репрезентативецот на Белгија.

Прв кој влезе во конкуренција за негов трансфер беше Реал Мадрид, а сега медиумите во Велика Британија пишуваат дека и Астон Вила е заинтересирани за напаѓачот кој е под договор со клубот од Стемфорд бриџ.

Неофицијално Астон Вила не е заинтересирана за откуп на договорот и дека би сакала да го позајми во период од 12 месеци.

Белгиецот со Челзи има договор до 2027 година.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе