Спорт Фудбал

Нов договор за Камавинга со откупна клаузула од милијарда евра

Реал Мадрид по секоја цена сака да го задржи Едуардо Камавинга и во следниов период ќе му нови договор со кој ќе го задржи во своите редови младиот Французин на подолг рок.

Во моментов Камавинга е обврзан да остане на Сантијаго Бернабеу до 2027 година, а во договорот има откупна клаузула од 700 милиони евра.

И покрај фактот што сумата е превисока за било кој клуб во Европа во последно време има голем интерес за Камавинга пред се од екипи од Премиер лигата.

Претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез сака да го “цементира” престојот на Камавигна во Реал и наскоро се очекува да мубиде понудено продолжување на соработка, а во новиот договор откупната клаузула ќе изнесува милијарда евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе