Кошарка Спорт

МЗТ не успеа да ја совлада Игокеа: Опстанокот во АБА сега е многу далеку

Притисокот за победа си го направи своето. МЗТ Скопје потклекна против Игокеа и во „Јане Сандански“ загуби со 78-84 во рамки на 22.коло во АБА-лигата. Опстанокот во елитното регионално натпреварување сега е само теорија, бидејќи до крајот на регуларната сезона остануваат уште четири кола, а нашиот шампион е закован на дното на табелата.

Натпреварот беше крајно неизвесен три четвртини. Двата тима наизменично се менуваа во водството, кое не беше поголемо од шест поени. Сепак, Игокеа најголемиот чекор кон победата во Скопје го направи во последниот период и тоа на неколку минути до крајот. Гостите имаа серија од 12-0 за да поведат со 63-71. Брзо зголемија на +11 и се чини го решија натпреварот. МЗТ не се откажа и со тројките на Дастин Вер успеа да се врати на негатива од само два поени во последните осум секунди. Сепак, ниту имаше време ниту пак Игокеа дозволи луд пресврт на МЗТ во финишот и ја обезбеди победата од 78-84 преки линијата за слободни фрлања.

Страхиња Мичовиќ со 18 поени беше најефикасен кај македонскиот шампион, Дастин Вер имаше еден помалку, а Војдан Стојановски постигна 15 поени. Кај гостите, Стефан Џорџевиќ имаше 19 поени.

МЗТ останува на дното на табелата во АБА со скор од четири победи и 18 порази, додека Игокеа има 7-14. Во следното коло, идната сабота, МЗТ му гостува на Борац Чачак, кој има само една победа повеќе од нашиот тим, но утре игра со Мега во рамки на ова 22.коло.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Партизан рекордер во Евролигата по посетеност со продадени 99 отсто од билетите

Дејан Дејан

Басконија или Виртус Болоња, кој ќе биде ривал на Реал Мадрид во плеј-офот?

Дејан Дејан

Норис на пол-позицијата за спринт трката во Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе