Спорт Фудбал

Манчини повика 30 фудбалери за отворањето на квалификациите за ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини на подготовките за првите два дуели од квалификациите за Евро 2024 повика дури 30 играчи.

Аѕурите на почетокот од овој циклус ќе се соочат со селекциите на Англија и Малта, а на овие подготовки предводникот на националниот тим има неколку дебитанти.

Меѓу нив е голманот на Лече, Владимиро Фалконе, дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно и напаѓачот на мексиканскиот прволигаш Тигре, Матео Ретеги.

Со овие фудбалери бројката на играчи со кои располагал Манчини во текот на неговиот мандат достигна бројка од вкупно 102.

Во составот се враќаат Матео Дармијан и Алесио Ромањоли кои веќе неколку години беа надвор од репрезентацијата.

Првиот дуел во овој циклус Италија на 23 март во Неапол ја пречекува Англија и за овој натпревар веќе се продадени 31.000 влезница, а потоа Аѕурите ги очекува и меч со Малта.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Џанлуиџи Донарума (Paris Saint Germain), Владимиро Фалконе (Lecce), Алекс Мерет (Naples), Иван Проведел (Lazio);

ОДБРАНА: Франческо Ачерби (Inter), Леонардо Бонучи (Juventus), Алесандро Бонџорно (Turin), Матео Дармијан (Inter), Џовани Ди Лоренцо (Naples), Федерико Димарко (Inter), Алесио Ромањоли (Lazio), Џорџо Скалвини (Atalanta) , Леонардо Спинацола (Roma), Рафаел Толои (Atalanta);

СРЕДЕН РЕД: Николо Барела (Inter), Брајан Кристанте (Roma), Давиде Фратези (Sassuolo), Жоржињо (Arsenal), Лоренцо Пелегрини (Roma), Матео Песина (Monza), Сандро Тонали (Milan), Марко Верати (Paris Saint Germain) ;

НАПАЃАЧИ: Доменико Берарди (Sassuolo), Федерико Киеза (Juventus), Вилфред Гното (Leeds United), Виченцо Грифо (Fribourg), Симоне Пафунди (Udinese), Матео Политано (Naples), Матео Ретеги (Club Atletico Tigre), Џанлука Скамака (West Ham united).

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе