Спорт Фудбал

Катарците и Ретклиф ќе ги зголемат понудите за Манчестер Јунајтед

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија битката за купување на Манчестер Јунајтед наскоро ќе влезе во втората фаза во која се очекува двајцата потенцијални сопственици да ги зголемат понудите.

Неофицијално тоа треба да се случи во текот на следната недела, а според последните информации катарскиот шеик Јаисм е подготвен да понуди сума од 4,5 милијарди фунти што сепак се уште е далеку од она што го бара семејството Глејзер.

“Шеикот Јасим и Џим Ретклиф добија известување дека наскоро може да се поднесат нови понуди и дека рокот е десет дена. Во изминатиов период двајцата кандидати имаа свои тимови кои работеа на процената на вредноста на клубот и очекуваме нивните понуди овој пат да бидат поголеми”, изјави за британските медиуми неименуван извор од Манчестер Јунајтед кој е близок со семејството Глејзер.

Британскиот милијардер Ретклиф деновиве имаше средба со менаџерот Ерик Тен Хаг кому му беа презентирани плановите за развој на клубот доколку тој го преземе водењето на Манчестер Јунајтед.

Во меѓувреме беше објавено дека Ретклиф нема големи шанси за преземање бидејќи тој во првата понуда беше заинтересиран за 68 проценти од акциите додека шеикот Јасим сака целосна контрола плус да ги исплати сите долгови кои се направени во текот на владеењето на актуелните сопственици на клубот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе