Спорт Фудбал

Алиоски: Со победа да ги почнеме квалификациите за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација од утре ги почнува подготовките за почеток на нов циклус квалификации овој пат за настап на Европското првенство што ќе се одржи во Германија во 2024 година.

Прв противник ни е селекцијата на Малта, која има статус на аутсајдер, но никој во нашиот тим не го потценува противникот и најавува максимално залагање за успешен почеток на квалификациите.

“Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина”, рече Езгијан Алиоски.

Собирот за играчите е закажан за утре, а вечерта ќе се одржи и првиот тренинг. Алиоски очекува дека сите фудбалери ќе бидат подготвени за настап.

“Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”, заврши Алиоски.

Натпреварот со Малта го играме на 23 овој месец во Скопје, а четири дена подоцна исто така на арената Тодор Проески не очекува контролен натпревар против Фарските острови.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе