Вести Македонија Најважни

Протести и блокади на цело Скопје, најавуваат студентите

Студентите најавуваат масовни протести и блокади на Скопје. Револтирани од односот на Министерството за образование и наука (МОН), велат овој пат ќе излезат на секој булевар во главниот град. Објаснуваат дека причина за нивното незадоволство, кое ја прелило чашата, е тоа што досега не е реализирано ниту едно од ветувањата дадени од ресорното министерство.

Се жалат дека нема воопшто исплата на стипендии кај студентите кои годинава за првпат го стекнале тоа право, а со останатите се доцни. Исплатата за субвенциониран оброк е нередовна, иако претходно беше договорено средствата за оваа намена да легнуваат на првиот ден од тековниот месец за претходниот.

Преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк, велат, се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата на договорените 140 денари на дневно ниво. Додаваат и дека ветената реконструкција на студентските домови сè уште не е започната, иако, како што велат, им било кажано дека тоа ќе започне во 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе