Вести Забава

Мишел Јео, прва Азијатка која освои Оскар за најдобра главна женска улога – Филмот „Сè наеднаш“ освои неверојатни 7 златни статуетки

Со освоени 7 оскари од вкупно 11 номинации, филмот „ Сè наеднаш“, на режисерскиот двоец  Даниел Кван и Даниел Шејнерт, е победник на 95 издание на американските фимски награди „ Оскар“, што се одржа ноќеска во Долби театарот во Холивуд. Покрај оскарите за најдобар филм, оригинално сценарио и режија, остварувањето кое зборува за емигрантка од Кина, која поседува перална, а се соочува со проблеми со ќерката и со плаќање данок, беше наградено и за споредна машка и женска улога , што ги понесоа Ки Хуи Куан и Џејми Ли Кертис, за монтажа и за главна женска улога.Мишел Јео е прва Азијатка која освои Оскар за главната женска улога, во овој филм.Шеесетгодишната Јео во говорот не го криеше воодушевувањето , охрабрувајќи ги колешките дека годините не се пречка за успешни филмови и награди.А, не помалку возбудени беа блиските и обожувачите на Јео.

„Мислам дека номинираните се навистина силни, но не се сомневавме. Постојано и велевме дека ќе победиш, тоа ќе ти го замислиме. Ќе застанеш на сцената со златниот човек. Таа ќе го добие. А таа рече: „Што и да се случи, ќе се случи, и сите ќе бидеме толку горди што сме овдe“, изјави Вики Јео, внука на Мишел Јео.

„Со освојувањето на Оскарот оваа година од Мишел Јео, чувствувам дека можеби како Малезијка го разбирам ова како можност да направиме повеќе во филмска продукција, во нашата земја. Повеќе од 40 години и одлично ги одигра сите нејзини улоги. Време е таа да ја добие оваа чест и признание во филмската индустрија“, рече Емили Јен Ни, обожавателка на Мишел Јео.

Актерот Брендан Фрејзер доби Оскар во категоријата најдобра машка улога, за креацијата во филмот „ Кит“, на режисерот Дарен Аронофски. Коментирајќи ја десетгодишната пауза од оскарите, Фрејзер кажа дека Аронофски му дофрлил креативен обрач и го повлекол на палубата на добриот брод „ Кит“ и  дека не ја ценел својата професија додека не му се случила паузата.   Германскиот eп „На западот ништо ново“, работен по новелата на Ремарк, освои четири оскари. Меѓу нив еден за најдобар странски филм. „Пинокио“, на Гилјермо дел Торо, е награден за најдобар долгометражен анимиран филм, а „Навални“ , за најдобар документарен филм.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе