Двајцата борци Ивица и Даниела Алексовски од клубот The Strongest и еден музичар што одлучи да тренира Бразилска џиу џица – Христијан Тасковски Таско, викендов гости во Ферплеј. ☺️
Зборуваме за за воспитната улога на спортот и боречките вештини, за улогата на тренерот наспроти родителот, за дистинкција меѓу релацијата татко-ќерка и тренер-ученик, за начинот на кој спортот ја крева самодовербата и кондицијата што му е потребна на секој артист кога ќе се качи на сцената и за реалниот концепт на живот кој Таско го применува- наспроти содржината на темите за кои пее.
Одличен разговор и едно поинакво издание на гостите, оваа недела во 16:15 на Телма 💪🏻☺️
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.