Вести Македонија Топ вести

Низа поплаки за високи сметки за струја – ЕВН тврди дека нема никогаш да наплати повеќе од она што корисникот го потрошил

Поскапа струја, недостиг на отчитувачи или погрешно прочитани броила? – Низа граѓански поплаки за високи јануарски сметки за струја. До Регулаторна се пожалиле преку 70 домаќинства, на кои првиот регулатор Бислимовски индиректно им порача: друга е адресата на која треба да затропаат за решение на проблемот.

Вели, треба да се прочита реалната состојба на броилата за да се коригираат сметките во иднина.

ЕВН со одговор – компанијата има доволен број на отчитувачи.

Тврдат дека екипите на Електродистрибуција отчитувањето го прават секој месец, освен во случаите кога корисникот е отсутен или пак да ги спречил екипите во задачата. Отчитувањето може да го спречат и непристапност до мерното место, лоши временски услови или, пак, боледувања на отчитувачи.

„Претпоставената фактура не значи по автоматизам повисока фактура за електрична енергија. Истата може да содржи и пониски претпоставени вредности на потрошувачка од реалната во тој месец. Исто така, повисока сметка од очекуваната може да се должи и на веќе направено порамнување по прочитана состојба, за која претходниот месец била испорачана претпоставена вредност пониска од тоа што било потрошено. ЕВН нема никогаш да наплати повеќе од она што корисникот го има потрошено“, стои во одговорот на компанијата.

Кога се формираа блоковите на потрошувачка, ЕВН уверуваше дека има доволно кадар кој ќе може навреме да ги чита броилата.

Од јули ДДВ-то за струја треба да се врати на 18 проценти од сегашните 10, но и ова се анализира, а се проверива и дали има простор на домаќинствата да им се врати евтината дневна тарифа.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ВМРО ДПМНЕ повикува на обединување на опозицијата

Дејан Дејан

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај ТИРЗ Штип

Дејан Дејан

Бојмацалиев и Тошковски се обвинуваат, граѓаните два месеци чекаат пасош

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе