Фудбалскиот клуб Јени Малатијаспор денеска потврди дека голманот Ахмет Ејуп Туркаслан починал за време на земјотресот, кој вчера ја потресе Турција.
Голманот, кој имаше само 28 години бил пронајден мртов под урнатините во неговиот дом во Малатија. За среќа неговата сопруга била спасена. Катастрофалниот земјотрес во Турција очекувано целосно го запре спортот.
За среќа синоќа беше спасен фудбалерот Кристијан Ацу, кој игра за Хатајспор. Ганецот, кој во минатото играше за Челси и Њукасл, беше извлечен од под урнатините со повреди, но во добра состојба.
