Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс на крајот од сезоната дефинитивно си заминува од клубот, но тој се уште не соопштил каде ќе ја продолжи кариерата.
Клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср инсистира тој да му се приклучи на Кристијано Роналдо, но понудата да неговиот ангажман е далеку поскромна и за две годишна соработка може да заработи 36 милиони евра плус бонуси.
Покрај Ал Наср за Бускетс интерес покажуваат и клубови од САД, но сите ќе мора да почекаат уште извесно време додека тој ја донесе конечната одлука.
ФОТО: Игор Паневски
