Спорт Фудбал

Сампдорија под закана дека ќе остане без бодови

Според пишувањето на весникот Газета дело Спорт, постои голема веројатност дека судбината на Јувентус може да ја доживее и Сампдорија која во моментов води грчевита битка за опстанок во елитното друштво во Италија.

Клубот од Џенова добила обврска до 16 февруари да ги исплати платите на сите фудбалери и персоналот за последните три месеци од 2022 година.

Според неофицијални информации Сампдорија на сите ангажирани во клубот им должи 11 милиони евра, а сопствениците најавија дека во најкус можен рок ќе направат докапитализација преку која ќе се обезбедат меѓу 30 и 35 милиони евра се со цел да се избегне можната санкција која предвидува одземање на бодови по што дефинитивно ќе се загубат шансите за опстанок во Серија А.

Сампдорија и во моментов се наоѓа во тешка ситуација. По 20 кола забележани се само две победи и освоени се вкупно девет бода или двојно помалку од Специја која е на 17-тото место што носи опстанок во елитното друштво.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе