Претпладнево во Нион со жрепка беа одредени групите за квалификациите за пласман на Европското првенство за фудбалери до 21 години што ќе се одржи во 2025 година во Словачка.
Репрезентацијата на Македонија е дек од Ц групата во која покрај нашата селекција партиципираат селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар.
Квалификациските дуели ќе се одиграат во периодот од март оваа година до октомври 2024-тата, а пласман на завршниот турнир ќе обезбедат освојувачите на првите места во секоја конкуренција и три најдобро второпласирани тима.
Останатите шест репрезентации од деветте групи кои го освоиле второто место ќе играат бараж.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ВО ФУДБАЛ ДО 21 ГОДИНА
Ц ГРУПА
МАКЕДОНИЈА, Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија, Гибралтар
А ГРУПА
Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино
Б ГРУПА
Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта
Д ГРУПА
Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија
Е ГРУПА
Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија
Ф ГРУПА
Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург
Г ГРУПА
Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора
Х ГРУПА
Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар
И ГРУПА
Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија
ДАТУМИ НА ОДИГРУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ
20–28 МАРТ 2023
12–20 ЈУНИ 2023
4–12 СЕПТЕМВРИ 2023
9–17 ОКТОМВРИ 2023
13–21 НОЕМВРИ 2023
18–26 МАРТ 2024
2–10 СЕПТЕМВРИ 2024
7–15 ОКТОМВРИ 2024
БАРАЖИ
11–19 НОЕМВРИ 2024
ФОТО: Игор Паневски
