Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле предвреме го напушти дуелот против Џирона. Францускиот репрезентативец се пожали на повреда, а тренерот на Каталонците, Чави мораше да реагира и да направи измена и тоа по само 26 минути од натпреварот.
По деталните лекарски прегледи констатирано е дека станува збор за истегнување на бутниот мускул на левата нога и според првите процени Дембеле ќе мора да паузира најмногу четири недели.
Отсуството на Дембеле ќе биде сериозен проблем за Чави со оглед на фактот дека Французинот во последниов период играше во добра форма и токму поради тоа челниците на клубот најавија почеток на преговори за продолжување на договорот кој завршува во 2024 година.
ФОТО: Игор Паневски
