Вести Култура Топ вести

Трка за Оскар: Комедијата „Everything everywhere all at once“ води со 11 номинации

Комедијата „Everything everywhere all at once“ води во трката за Оскар со 11 номинации, соопшти денеска американската Академија за филмски уметности и наука која ги доделува наградите. Свечената церемонија е закажана на 12 март во Холивуд.

По девет номинации добија германскиот филм „На запад ништо ново“ (All quiet on the western front) и ираска трагикомедија „The banshees of Inisherin“.

Остварувањето „Елвис“ за легендата на рокенролот Елвис Присли доби осум номинации, една повеќе од филмот „The Faberlmans“ на Стивен Спилберг.

Филмот „Кода“ на режисерката Шан Хедер е минатогодишен добитник на Оскар за најдобар филм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе