Меѓународната федерација за историја и статистика ја објави листата на најквалитетни национални шампионати во светот и сосема неочекувано по втор пат во низа првото место и припаѓа на Бразилската Серија А.
Според критериумите на IFFHS, фудбалското првенство во Бразил има 1181 бода, 95 од Премиер лигата во Англија додека на третото место со 967,5 бода е Ла Лига во Шпанија.
Меѓу петте најдобри се уште националните првенства во Германија и Италија, а потоа следуваат шампионатите во Португалија и Холандија.
Најдобрите 10 првенства ги заокружуваат Аргентина и Парагвај.
Интересен е податокот дека Италија во претходната година беше трета, а сега е петта додека најголем скок бележи Бундес лигата во Германија која од осмото се искачи на четвртото место.
Во конкуренција на 80 национални фудбалски шампионати, Македонија од 79-тата се искачи на 74-тата позиција, а од лигите во регионот највисоко котира Србија која е 17-та и има пад од четири места во однос на 2021 година следува Хрватска која е 29-та (12-та во 2021 година), Косово е 56-то со скок од 19 позиции, Словенија е 61. додека Босна и Херцеговина се наоѓа на 71-та позиција.
ФОТО: Игор Паневски
