-Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија. Овој стих на великанот Ацо Шопов е запишан во неговата поетска книга „Аманет-Дрво на ридот“43 години потоа, стихот ја одразува смислата на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, рече на отварањето на школата, д-р Весна Мојсова –Чепишевска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ.
Интересот за изучувањето на македонскиот јазик во светски рамки се повеќе се зголемува, констатира таа.
Ова го покажува фактот што на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура се пријавени повеќе од 40 учесници од 17 земји од светот.
Треба да бидеме особено горди, истакна претседателот Пендаровски.
Годинашното издание е во чест на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање.