Вести Култура Македонија

Поради работното место на Бени Шакири инсталиран детектив за директор, вработените во МКЦ реагираат на кадровско-финансиските политики на градоначалничката Арсовска

МКЦ е повторно на мета на партиски мегдан, реагираат вработените во Младинскиот културен центар по новата директорска смена, односно непродолжувањето на мандатот на в.д. директор на Ванчо Богоев којшто 36 години е дел од институцијата.

Според нив, директорската смена во културната институција се случила поради невработувањето на Арбен Шакири-Бени, противкандидатот на Данела Арсовска на последните локални избори преклани. Арсовска наместо искусен културен работник, како менаџер поставила дипломиран детектив.

-Богоев беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири. Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција, наведуваат од МКЦ преку официјалната фејсбук страна на оваа позната културна институција.

Со вршител на должност на директорската функција во МКЦ се одбегнува распишување конкурс за нов директор. Досегашниот директор Богоев пак според вработените го продолжил успешниот пат на институцијата со „наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј.“

Лошите вести за МКЦ се и во кратењето на буџетот кој сега е на ниво од 8% од годишниот буџет со кој располагале во минатите години.

Арсовска направи над 15 смени на директори во јавни претпријатија во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе