Вести Македонија

Арсовска направи над 15 смени на директори во јавни претпријатија во Скопје

Ги стави, па ги разреши. Кратко им трае позицијата на директорите на скопските јавни претпријатија, откако градоначалничката Данела Арсовска смени двајца, а во некои претпријатија и по тројца директори. Низа скандали ги тресеа скопските директори, а на терет беше ставена и Арсовска. Се започна од првиот човек на Водовод, Златко Перински, откако Арсовска како што велеше ги ставил рачињата во медот за тендер вреден 136 милиони евра. На местото на Перински дојде Марјанчо Митовски за кој, пак, Сојузот на Синдикати на Македонија бараше оставка поради притисоци и кршење на работничките права. Митовски и Димовски беа во отворена војна.

Скандал ја тресеше и скопската зоолошка градина. За два дена беа убиени повеќе од 10 коњи и мазги за храна на лавовите. По острите реакции и за само шест месеци раководење, Арсовска го смени директорот Кристијан Стаменов, а го назначи Драган Илиевски. Според неофицијални информации на Телма, Илиевски сега ќе оди во скопски „Водовод“, а разрешен ќе биде Марјанчо Митовски.

Веданш по смената на Перински, оставка си поднесе и Јане Мицевски, кој беше кадар на ВМРО-ДПМНЕ а сега ЈП „Дрисла“ ја раководи Александар Кузинаков.

Најкраток мандат имаше директорот на ЈП „Градски Паркинг“, Филип Пасху, кој ова јавно претпријатие го раководеше цели 13 дена. На негово место дојде Бојан Христовски, а откако ја раскина врската со ВМРО-ДПМНЕ првиот човек на градот за директор на „Градски Паркинг“ го стави Крсте Петревски од ГРОМ.

Ангеле Сотировски ја напушти фотелјата на Јавното претпријатие паркови и зеленило, а на негово место дојде Реџепи Зухејр. И за ова скопско претпријатие не изостана скандал. Директорот Реџепи одби за медиумите да даде изјава на македонски јазик.

На 3 јануари Зуди Ензухи беше поставен од градоначалничката Данела Арсовска. По шест месеци од директорската фотелја на „Комунална хигиена“, на протестите за францускиот предлог братот на Ензухи со пиштол пукаше кон демонстрантите, а тој експресно беше разрешен. На негово место дојде Косана Мазнева, која, пак, отпушти 33-ца вработени во ова претпријатие, поради тоа што со години не оделе на работа а земале плата.

Скандал не изостана и во Јавното сообраќајно претпријатие. Поради истечен мандат си замина Иван Илиевски а на директорското столче седна Александар Стојковски. По неколку месеци од неговиот мандат започнаа протести и блокади на возачите на ЈСП и приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе