Вести Македонија Топ вести

Избеганиот затвореник Беким Мемети осуден за убиство во Мала Речица, бил екстрадиран од Германија пред 2 и пол години

Затвореникот Беким Мемети кој синоќа рани затворски полицаец на пат кон болница и избега бил осуден на затворска казна за убиство извршено во 2016-та година во тетовска Мала Речица, открива Телма.

Мемети првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран. Му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на долгогодишна затворска казна.

Во септември 2016-та година на улица 188 во Мала Речица имало расправика меѓу две групи при што едно лице загинало, за што бил обвинет и осуден Мемети, кој сега повторно е во бегство.

МВР тогаш објави детали за убиството со следното соопштение:

Во пресметката учествувале А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна и Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39) сите од Тетово. Б.М. со огнено оружје почнал да пука кон Х.М., М.Х. и Х.К.

Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. добиле прострелни рани.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бегалецот Мемети беше најден во Германија, а синоќа во чудни околности успеа да избега од комбе на затворската полиција на пат кон болница. Пријавено е дека Мемети успеал да го земе пиштолот од возачот на комбето покрај уште тројца затворски полицајци, да го рани затворскиот чувар со неговото службено оружје и да избега со автомобил кој бил во близина на местото на инцидентот.Бегството е прикавено во 23:30 синоќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК по обработени 99%: Предност од 182.386 гласови на Силјановска пред Пендаровски

Дејан Дејан

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе