Uncategorized Вести Македонија

На реката Брегалница ѝ се заканува еколошка катастрофа

Еколошка катастрофа се случува во коритото на река Брегалница, а не негово чистење порачаа жителите на штипската приградска населба „Стар Караорман“, кои втор ден протестираат. Барањето им е градежната механизација на фирмата која прави ископ на песок од коритот да е подалеку од нивните ниви. Доколку надлежните институции немаат слух ќе го блокираат патот кон Штип.

Државен инпектор за водостопанство утринава бил на терен. Жителите добиле одговор дека фирмата има дозвола за работа. Машините продолжуваат со ископување, мештаните стравуваат дека ако продолжат активностите на терен нивните ниви ќе бидат проголтани. Тврдат дека се црпи песок осум метри под нивото на реката.

Жителите на „Стар Караорман“ забележуваат дека се врши неконтролирано црпење на песок од коритото на река Брегалница, а ниту е заштитен и животинскиот свет. Побараа да реагираат Министерството за животна средина и државниот инспекторат.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вонредна прес конференција на ДИК: Апел до избирачките одбори да се придржуваат до правилата за две ливчиња

Дејан Дејан

МВР и Јавното обвинителство со оценка дека изборниот ден минува без посериозни инциденти

Дејан Дејан

Со закачена слика на Тито во поранешна продавница се гласа во Велешко Дуротовец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе