Вести Култура Свет Топ вести

Почина пејачот Масимо Савиќ, имаше 61 годинa

На 61 годишна возраст во Загреб, Хрватска почина пеачот Масимо Савиќ. Тажната вест ја потврдија од неговото семејство.

„Нашиот татко, сопруг и љубов, Масимо Савиќ, не напушти после кратка и херојска борба. Иако замина од овој свет во нашите души ќе живее вечно, насмеан, топол, силен, понл со љубов и создаден од уметноста. Засекогаш ќе бидеме твоите девојки. Ени и Мирна“, напишаа на Инстаграм членовите на неговото семејство.

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера. Во 1983 година, како водач на легендарната њу вејв/синт-поп група Доријан Греј, го издаде својот прв албум – „Сјај у тами“, а две години подоцна вториот албум „За твоје очи“.

Масимо го поминал своето детство на Истра. На 12 години отишол во Милано, а после тоа со брод од Џенова, со мајка си тргнале на патување со брод во Австралија. Во Сиднеј, тој живеел во богато семејство две и пол години, каде неговата мајка Елде работела како шеф на послугата. Малиот Савиќ во Сиднеј отишол во Белви Хил, а во седмо одделение се вратил на Истра. Меѓутоа, тој го заборавил хрватскиот јазик во Австралија и повторно почнал да го учи кога се вратил.

Во 2013 година одбележа 30 годишен јубилеј од својата кариера, а последниот концерт го одржа во Арена Загреб на 5 ноември 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе