Вести Култура Македонија Топ вести

Буџетот за култура за 2023 година тежок 61, 6 милиони евра е со цел ублажување на последиците од економската и енергетската криза

Буџетот за култура за следната година е 61, 6 милиони евра и е со цел заздравување на секторите од оваа област, погодени од економската и енергетската криза, кажа министерката за култура на денешната презентација на предлог буџетот. Според неа 96% од планираната програма за 2022 година веќе е исплатена и во наредната министерството ќе влезе без долгови, а тоа значи нема потреба од стравување околу финансирањето на проектите во 2023.

Неоправдани се стравувањата на уметниците и на културните работници дека во 2023 година за предложените проекти на годишните конкурси ќе има помалку средства од очекуваните. 96% од програмата за 2022 е исплатена и нема заостанати сметки. Буџетот за следната година е проектиран на 61, 6 милиони евра и има за цел заздравување на сите сектори од оваа област од економската и енергетската криза , кажа министерката за култура.

  • Ќе направиме сè што е можно ако треба повторно ќе го реструктурираме буџетот за секој оној што ќе добие проект, што ќе биде финансиран преку Министерството за култура, да може да ги добие своите средства- Бисера Костадиновска –Стојчевска, министерка за култура.

Во врска со урнатиот објект Шар во Старата скопска чаршија, кој е споменик на културата, на чие место се гради нов објект од непознат инвеститор , министерката кажа дека е разговарано со УЗКН и се очекува да постапи МВР.

  • Тоа таму е незаконско рушење и незаконска е градбата. Пративме соодветна пријава до МВР. И сега МВР треба да постапи, за да ние понатаму видиме, да се преземат соодветни мерки кој се осмелил да руши и да гради наново без никаква дозвола- Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура.

Костадиновска Стојчевска кажа и дека од Град Скопје нема одговор на официјалното барање од министерството за состојбата околу реконструкцијата на Универзална сала. Таа е носител на апликацијата на конкурсот за титулата „ Скопје- европска престолнина на културата за 2028 година “, а главниот градот веќе влезе во потесниот избор, покрај Будва. Во врска со тоа, министерката најави нов состанок со градоначалничката Арсовска по новогодишните празници. А, околу барањето на Биг бендот на Здружението на џез музичари да се институционализира , покрај одлуката на Владата за три други национални установи, министерката рече дека наскоро ќе се одржи состанок со нив за изнаоѓање решение зашто заслужуваат подршка од државата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе