Вести Спорт

Борис Бекер излезе од затвор по осум месеци и се соочува со депортација од Велика Британија

Поранешниот шампион на Вимблдон, Борис Бекер е пуштен на слобода по осуммесечната затворска казна поради прикривање на имот и позајмици од, речиси, три милиони евра со намера да избегне отплата на долгови.

Педесет и петгодишниот Германец во април беше осуден на две и пол години затвор, откако беше прогласен за виновен по четири точки од обвинението според Законот за несолвентност.

Од затвор излезе денеска и, како што дознава „Би-Би-Си“, ќе биде депортиран од Велика Британија. Казната почна да ја отслужува во затворот Вандсворт во југозападен Лондон, пред да биде префрлен во затворот Хантеркомб во мај.

Бекер се квалификува за автоматска депортација како странски државјанин кој нема британско државјанство, а осуден е на поголема затворска казна од 12 месеци.

Тој живее во Велика Британија од 2012 година, а тениската кариера ја заврши во 1999 година. За време на 15-те години на тениските терени, освои шест гренд слем трофеи во поединечна конкуренција од кои три на Вимблдон.

Во јуни, во 2017 година, прогласи банкрот, бидејќи не успеа да отплати долг од над 3,5 милиони евра што го зел со хипотека на луксузен недвижен имот на Мајорка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДС затоа го блокираат Изборниот законик 

Дејан Дејан

Муцунски во Катар се сретна со катарскиот претседател на Владата и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани

Дејан Дејан

СДСМ: Ивановски и „реформаторите“ ја доведоа партијата до изборен пораз, сега се јавуваат како спасители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе