Вести Македонија

Судскиот совет разреши судијка од Велешкиот суд заради потешка дисциплинска грешка

Судскиот совет разреши судијка од Велешкиот суд поради сторена потешка дисциплинска грешка, потврдуваат извори од советот за Телма.

Станува збор за судијка за која имало претставки во судот, а се водат предмети во кавадаречкото обвинителство.

На прашање на Телма од обвинителството ни одговорија дека станува збор за 2 предистражни постапки поведени по кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со одлучување на судијката по конкретни предмети.

Пријавите се поднесени против повеќе лица, мегу кои и судијката објаснија од обвинителството за Телма.

Дали поради истите сомнежи или поради друго се водела и постапката во судскиот совет нема информација.

Од Судски совет официјално не сакаат да коментираат и да споделуваат детали до правосилност на одлуката.

Неофицијално дознаваме и дека денеска се дискутирало и за уште еден судија за кого исто така се води постапка пред советот, но било одлучено да се доработи предметот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тензии меѓу Белград и Подгорица пред Самитот со ЕУ во Тиват – тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе