Спорт Фудбал

Стерлинг се враќа во репрезентација на Англија

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг ќе се врати во Катар на Светското првенство и ќе биде во комбинација за настап против Франција во четвртфиналето.

Напаѓачот на Челси минатиот викенд итно го напушти кампот на репрезентацијата и не беше дел од тимот во осминафиналето против Сенегал во победата од 3-0. Вооружени крадци провалиле во неговиот дом во Лондон. Неговата партнерка и трите малолетни деца се вратиле од Катар и го пријавиле случајот во полицијата. Фудбалерот останал без скапоцен накит и часовници.

Стерлинг ќе и се приклучи повторно на репрезентацијата утре наутро и ќе биде во комбинација за настап против Франција во сабота од 20 часот. Тој ги одигра првите два натпревари од групната фаза и запиша еден гол и една асистенција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе