Спорт Фудбал

Натпреварите во Катар ги следеле 2,45 милиони гледачи

Светската фудбалска федерација ја објави вкупната бројка на гледачи кои ги следеле натпреварите од првата фаза на Мундијалот во Катар.

На сите 48 меча во фазата по групи на трибините имало вкупно 2,45 милиони навивачи што е 96% од капацитетот на стадионите.

Во споредба со натпреварите во Русија пред четири години на трибините имало 2,17 милиони гледачи.

Најпосетен натпревар со 88.966 навивачи е дуелот на стадионот Лусаил во кој се сретнаа селекциите на Аргентина и Мексико.

За време на шампионатот ФИФА и домаќинот организираа две фан зони кои се сместени во Ал Бида паркот во Доха каде навивачите можеа да ги следат сите мечеви на првенството и тука се регистрирани повеќе од еден милион посетители.

Организаторот на првенството соопшти дека до овој момент се издадени околу два милиони Хаја карти без кои е невозможно да се влезе во земјата, а најмногу им се издадени на навивачи од Саудиска Арабија, Индија, САД, Велика Британија и Аргентина.

Од катарската престолнина Доха објавија дека во првите две недели од Светскиот куп метро мрежата во градот ја користеле вкупно 9,19 милиони луѓе или дневно 707.032 патника.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе