Актуелниот светски шампион, Франција е третиот четвртфиналист на Светскиот куп што се одржува во Катар. Триколорите место меѓу осумте најдобри на првенството обезбедија по триумфот над Полска со 3:1.
Полјаците го одиграа најдобриот натпревар на Мундијалот, но и тоа не беше доволно да се направи сензација и да се совлада бранителот на трофејот.
Серијата голови на Ал Тумама стадионот ја отвори Оливие Жиру кој го совлада Војчех Шчесњи во претпоследната минута од првото полувреме и со овој погодок стана најдобриот стрелец во националниот тим.
Во 74-тата Килијан Мбапе ја затресе мрежата на противникот за предност од 2:0, а во првата минута од судиското надополнување повторно се запиша во листата на стрелците за предност од 3:0.
Конечниот резултат го постави Роберт Левандовски со голот постигнат во деветтата минута од надополнувањето на пропуштеното време.
По оваа победа Франција го чека епилогот на вечерашниот дуел меѓу Англија и Сенегал, а победникот од овој меч ќе им биде противник на Триколорите во битката за пласман во полуфиналето.
