Во натпревар од 16. коло во Фудбалскиот шампионат на Македонија, Шкендија триумфираше во Ѓорче Петров со 3:1 и го задржа чекорот со лидерот на табелата Струга.
Тетовци поведоа со голот на Љупче Дориев во 19-тата минута, во 51-та Ферхан Хасани зголеми на 2:0, а само една минута подоцна Емир Скендери го постигна единствениот погодок за Македонија ЃП.
Конечните 3:1 ги постави Дориев во 84-тата минута.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.















