Во пресрет на утрешниот осминафинален дуел против Англија, репрезентацијата на Сенегал може нема да биде предводена од селекторот Алиу Сисе.
Предводникот на националниот тим денеска поради болест не се појави на редовната прес конференција, а не беше ниту на вчерашниот тренинг.
“Нашиот селектор има висока температура и затоа во изминативе два дена мораше да остане во хотелот. Работиме според неговите инструкции, но се надевам дека тој утре ќе биде со нас”, изјави асистентот на Сисе, Режис Богард.
Натпреварот против Англија, Сенегал го игра утре на стадионот Ал Бајт, а почетокот е закажан за 20 часот.
ФОТО: Игор Паневски
