На досегашниот тек од Светскиот куп во Катар доминираат навивачите на Аргентина кои во Доха ги има околу триесетина илјади и прават фантастична атмосфера на трибините.
Втори по бројност се Англичаните, а меѓу оние кои предизвикуваат посебно внимание се навивачите на репрезентацијата на Јапонија.
Јапонците на трибините им даваат посебен декор, доста се инвентивни во изборот на креации и на секој натпревар до сега предизвикуваат големо внимание меѓу фоторепортерите.
Јапонија го продолжи настапот на Мундијалот и се очекува и осминафиналето навивачите од оваа земја да земат посебно место.
ФОТО: Игор Паневски



















