Спорт Фудбал

Аргентина апсолутен фаворит во дуелот со Австралија

Аргентина потешко од очекувањата успеа да обезбеди пласман во елиминациската фаза, но во првата рунда Гаучосите имаат можеби и најлесна задача да стигнат до четвртфиналето.

Тимот предводен од Лион Меси вечерва на стадионот Ахмад Бин Али ќе се соочат со најголемото изненадување на шампионатот, Австралија.

Без разлика на моменталната форма и она што до сега беше прикажано на Мундијалот, Аргентина е апсолутен фаворит за победа, но противникот никако не смее да се потцени и улогата треба да се потврди на теренот.

Аргентинците петти пат во низа се дел од елиминациската рунда откако во 2002-та настапот го завршија веќе по натпреварите во фазата по групи.

Додека Австралија во петтиот последователен настап на Мундијалите по втор пат е дел од осминафиналето откако во 2006-тата беа елиминирани од Италија.

Инаку ова ќе биде вкупно осмо соочување на двете репрезентации, а трето на Светските првенства.

Австралија има само една победа и во 1988-та кога славела со 4:1, а од тој момент Аргентина има шест меча без пораз од кои само еден нерешен резултат.

Токму тој меч без победник е одигран во плеј офот за пласман на шампионатот во 1994-тата кога во Сиднеј беше 1:1, а потоа во ревншот Гаучосите славеа со 1:0.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе