Вести Временска прогноза

Облачно со локални врнежи од дожд, на планините од снег – Временска прогноза за 1.12.2022

Месец декември ќе го отпочнеме со облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, над 20л/м² воден талог, а на планините со формирање на нова снежна окривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата преку ден ќе се движи во интервал од 4 до 9°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-4 Попова Шапка, 0 Крушево, -1 Маврови Анови, Лазарополе, 1 Берово, 3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Претор, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, Охрид, 5 Виница, 7 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

3 Маврови Анови, 2 Лазарополе, Ѓуриште, 1 Претор, Битола, Демир Капија, Попова Шапка, Крушево.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

1 Крушево.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законите за игри на среќа и против пушењето поминаа во прво читање – следува уште една расправа

Tea Dimkovska

Мирниот Капиштец претворен во модерна џунгла, жителите на протест

Tea Dimkovska

Локализиран пожарот во Кумлак, спасен сопственик на зафатена викендица

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе