Емисии Код Македонија

КОД: Најпознатиот македонски „коњаник“ Онишченко ветувал олимписки медал и планирал фирма за трговија со енергенси

Среде лето Олександр Онишченко, украинец со богато корупциско досие кое содржи и влијание со дезинфомации врз американските избори, бил во Македонија и ветувал дека ќе донесе олипмиски медал.

Од македонскиот олимписки комитет велат дека барањето за државјанство е поднесено пред две години кога спортското досие му било чисто, а немало информации за други контроверзи на Онишченко.

Од АНБ вината ја посочија кон еден началник преземен од поранешната УБК. Но, КОД во своето вечерашно продолжение (21.11.2022) укажува на можните грешки на тајната служба и што можеле агентите на АНБ да сторат за да се осигураат во проверката на безбедносниот профил на коњаникот Онишченко.

Во КОД за разузнавачките контроверзи на Онишченко и каква фирма сакал да формира во Македонија.

Во емисијата и потсетување за уште едно контроверзно државјанство доделено на Иранец од Турција кој е уапсен во Америка со македонски пасош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе