Вести Спорт

„Топ тема“ за спортските ваучери: Потребен е нов Закон за спорт, спортска инспекција и спортски арбитражен суд

Дефинитивно ни е потребен нов закон за спорт во кој јасно ќе биде дефинирани сите критериуми кои што се однесуваат на објективноста на критериумот за избор на спортските клубови, спортските поединци, спортските федерации. Со воведување на процес на дигитализација на спортските процеси од моментот на регистрација, до моментот ја јасно дефинирање во севкупниот процес на дигитализација и користење на ИТ алатките, истакна професор доктор Лазар Нанев во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ на тема спортски ваучери и нивна распределба.

„Кога ќе имате процес на дигитализација, кој денес чини многу малку, ќе можете на многу јасен и транспарентен начин. Со внесување на сите параметри, како формирањето на клубот, бројот на спортистите кои учествуваат, успесите што се бележат и врз основа на тие податови, веднаш ќе се добијат бодовите. Но, сето тоа да биде на еден јасен и транспарентен начин, а не на начин како сега по неколку месеци и години, не се знае во државата кој ги добил финансиските средства и како ги потрошил. Отчетноста е еден од клучните проблеми во овој дел“, истакна Нанев.

Според него, критериуми не недостасуваат, туку имаме лош систем за имплементирање на критериумите и имаме неимплементирање на процесите во сегашното решение. Нанев се залага и за воведување на спортска инспекција и спортски арбитражен суд.

„Оние кои се незадоволни, бидејќи не биле објективно оценети и не добиле соодветен ваучер според забележаните резултати, немаат ниту приговор, ниту жалба, иако знаете дека двостепеноста е уставно загарантирано право. Со воведување на спортската инспекција и спортската арбитража во новиот закон за спорт, овие прашања ќе бидат надминати и на тој начин ќе има и одговорност, и објективност, но истовремено и отчетност“, додаде Нанев за кого лично е дилема дали Агенцијата за млади и спорт е соодветната институција, според нивото, за реализацијата на целата имплементација на законското решение.

Професор Иван Анастасовски, пак, се осврна на заклучоците од неодамнешниот спортски Самит „Today Sport 2022“ кои треба да се достават до владата, како да се постапи во иднина.

„Новиот современ, модерен спорт, подразбира еднакви можности, масовен спорт или училиштен спорт, олимписки спорт, аматерски спорт, спорт за лица со попреченост. И дел од тие теми, многу јасно и прецизно ги обработивме на Самитот“, посочи Анастасовски.

Тој додаде дека расправата треба да продолжи на поинакво ниво, да се формираат работни групи и транспарентно да работат на изготвување на нов, современ, Закон за спорт.

„Не треба да се оди подалеку, како пример може да се земе српскиот или хрватскиот, без разлика кој ќе работи. Без многу мудрување, Македонија нема да измисли топла вода или Македонија да донесе нови светски спортски резултати. Да се видат тие решенија и полека да се работи на тоа усогласување и така конципираниот закон да се даде на јавна расправа. Најзасегнати во било каков закон за спорт се спортистите. Тоа се носи за нив“, заклучи Анастасовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судиите поротници денеска на протест-сите расправи се откажуваат

Kristina Kuzmanovski

Американец се повредил при слетување со параглајдер во битолско Породин

Tea Dimkovska

Претседателката Сиљановска-Давкова дел од Самитот на НАТО во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе