Вести Економија Топ вести

Се црпат последните количини на гас, неизвесно е кога ќе се потпише договор за нови

На само неколку дена пред да се исцрпат и последните количини на гас, не се знае кога ќе биде потпишан договор за нови. Нема инфорамција ниту дали трите фирми од кои државните електрани побараа да ја комплетираат понудата и да ја достават до нив, го сториле тоа. Од ЕСМ кусо одговорија дека и да нема гас топланите се подготвени веднаш да почнат со работа на дизел.  Владиниот советник за енергетика Андонов, пак, уверува греење ќе има целата зима, а за неколку дена ќе биде и познато на што ќе работат топланите. За до крајот на грејната сезона на ЕСМ и се потребни над 250 милиони кубни метри гас за да работата сите топлани и ТЕТО.

Во меѓувреме се бара начин како на фирмите и институциите кои струја добиваат од отворен пазар која е поскапа, да им се помогне. Една од опциите е тие да ја добиваат преку ЕСМ Продажба. Но, дали електрани ќе има доволно струја и за нив, од ЕСМ велат дека дел од потребите би се обезбедиле од домашните капацитети.

Дел од енергијата ќе биде обезбедена од сопствено производство од капацитетите на АД ЕСМ, додека поголем дел се планира да се обезбеди преку можното превземање на енергијата од ТЕТО, со која се водат  разговори за идна соработка до крајот на грејната сезона, се вели во дописот од ЕСМ.

Околу 12.000 потрошувачи, пак, кои плаќаат скапа струја на отворен пазар, најдоа начин да ги скусат трошоците со тоа што на несоодветен начин се префрлија на регулираниот пазар од каде се снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи. РКЕ апелираше дека оваа пракса мора да престане за да не се направи притисок врз цената за граѓаните. Од владата велат дека за сега ЕСМ успева  да ги покрие потребите и на овие потрошувачи, но се отвара прашањето дали ќе може да го направи тоа кога темературите ќе паднат и потрошувачката на струја ќе се зголеми.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе