Uncategorized Македонија

Дојавите за бомби не ги испаничија средношколците, ги сметаат за лажни

Анонимните дојави за поставени бомби што денеска беа испратени во пет средни училишта во Скопје не ги вознемири средношколците. Наставата од прва смена беше прекината, а учениците и професорите беа веднаш евакуирани од објектите. На оние, пак, што се втора смена, им било кажано да не влегуваат во училиштата, ниту во училиштните дворови додека трае безбедносната проверка.

„Втора смена сме и ни рекоа да не влегуваме во училиштето, ниту во училиштниот двор. Не ни кажаа што е точната причина, но веста за дојава за бомба се рашири меѓу нас учениците“, изјави двајца средношколци од гимназијата „Никола Карев“.

Запрашани дали се плашат од веста за поставена бомба во училиштето, двајцата низ насмевка одговорија негативно и изразија уверување дека станува збор за лажна дојава.

Антитерористички единици на Министерството за внатрешни работи (МВР) сè уште вршат проверки во дел од средните училишта во кои претпладнево беа испратени дојави за поставени бомби. Тоа се гимназиите „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каја Шукова (СДСМ): Сетот на 7 мерки немаше да го предложевме ако видевме дека имаме добар инпут на владатa

Дејан Дејан

Сака мир во Украина до Велигден – Блумберг за порака што ја упатил Трамп до европските политичари

Дејан Дејан

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе