Uncategorized Вести Македонија Најважни

Само 3.800 лица склучиле договори со новиот снабдувач за парно

Тешко и бавно оди потпишувањето на новите договори со новиот снабдувач за парно. Уште 52.000 граѓани треба да го направат тоа. За неколку дена само 3.800 лица склучиле нов договор. Граѓаните претходно побараа барем за повозрасните да се најде полеснен начин за да ја исполнат обврската, затоа што им е тешко да доаѓаат до наплатните пунктови. Од ЕСМ појаснуваат дека дирекно преземање на податоците од претходниот снабдувач БЕГ не можело да се направи, но дека се  подготвуваат и други начини за да може да се забрза процесот. Објаснуваат дека и документот кој треба да се пополни е веќе достапен електронски.

„Потрошувачите кои се во странство во овој момент со полноможно може да овластат некое друго лице кое во негово име ќе го потпише договор, двата примерка потрошувачите се подготвува да го добијат по пошта ако немаат можностд а го испечатата или не можатд а додјат да ги посетиме во нивните домови, и други опции се во план“, вели Александра Маројевиќ, помошник директор во АД ЕСМ.

Откако почна грејната сезона, дел од граѓаните се пожалија дека парното е многу слабо, а нивните домови студени. Од ЕСМ тврдат дека испораката на топлинска енергија, се одвива во зависност од надворешните температури.

„Дневен прекин се прави кога надворешната темепратура, при сончево и ведро време, е 11 степени, денеска беше негде околу 14 степени и заради тоа топланите ја прекинаа испораката во 11 часот, вчера во 18 часот надворешната темература беше 15 степени и се испорачуваше парно. За денеска анализите што ги правевме покажуваат дека сме на граница, тоа значи дека најверојатно и попладневен старт ќе има и денеска“, додаде Маријановиќ

Околу 30 објекти сè уште се без греење поради најразлични технички проблеми. Во моментот топланите ги трошат последните количини на гас. На само неколку дена пред да се исцрпи целосно  овој енергенс, не се знае на што ќе работат тие во ноември. До вторник треба да се комплетираат  понудите од компаниите за набавка на гас. Се очекува понуда да достават фирма од Бугарија, швајцарската ПЕГЕО, една турска компанија и домашната Макпетрол. Ако ниту една не е прифатлива за ЕСМ, планот е наместо гас, да се користи дизел. Од ЕСМ уверуваат дека се подготвува се за да можат објектите веднаш да почнат со работа со друг енергенс.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе