Uncategorized Економија Македонија

Извештај на ЕК: Македонија е умерено подготвена во областа на енергетската политика

Македонија е умерено подготвена во областа на енергетската политика, констатира Европската комисија (ЕК) во последниот извештај. Комисијата пишува дека е постигнат ограничен напредок, но треба да се забрза транзицијата кон обновливи извори и значително да се намали зависноста од гас.

„Потребите за енергетска диверзификација стануваат итни, додека мерките за подобрување на енергетската ефикасност заостануваат. Економијата се карактеризира со ниска ефикасност во производството и потрошувачката на енергија. Производството на електрична енергија е многу зависно од јагленот, а со намалувањето на домашните резерви на јаглен, од увозот“, пишува во извештајот на ЕК.

„Гасот сочинува околу 11 отсто од производството на струја, а 100 проценти од гасот во земјата се увезува од Русија преку едно поврзување. Поврзувањето со регионалните гасоводи напредува бавно. Работите на гасната интерконекција со Грција сè уште не се почнати. Овој проект ќе поддржи диверзификација на изворите на природен гас и ќе го олесни пристапот до транзитните цевководи“, се вели во извештајот на ЕК.

Што се однесува до безбедноста на снабдувањето, неопходно е да се процени количината на јаглен потребна за да се обезбеди добро функционирање на термоелектраната Битола, вклучително и инвестиции во нови ресурси.

„ЕСМ треба да го подобри работењето и одржувањето на капацитетите за производство на струја, пишува Европската комисија во последниот извештај. Општините се охрабруваат да преземат чекори за целосно почитување на нивните обврски за развој и спроведување на програми за енергетска ефикасност, се препорачува во извештајот на ЕК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе