Вести Македонија Топ вести

На клиниките пристигнуваат нови апарати, но нема обучен кадар за да чита резултати

Додека министерот Беким Сали го пушташе во употреба новиот, најсовремен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, пациенти со малигни заболувања реагираат дека со месеци чекаат резултати на Институтот за радиологија. Велат изморени сме секој ден да доаѓаме и повторно да се враќаме додека болеста може и да прогресира.

На неколку шалтери ме прошетаа, за да на крај на четвртиот шалтер ми речат не ти е напишан наодот. Тие викаат во рок од пет работни дена ќе биде. Денес е петтиот или шестиот ден и ми викаат дојди најсигурно понеделник. А јас имам болки, еве гледате едвај зборувам и еве натака навака, тука нема ни каде да паркираш, сам сум и не знам што да правам.

Јас сум оперирана од карцином. Од еден на друг шалтер ме малтретираат. Од сабајле сум излезена, вчера бев, денеска. Значи два дена сум по шалтерите, итно треба да направам снимање со приоритет, ги молам. Ова е катастрофа. Ако нема термин ми велат одете приватно, од една страна ми велат вие сте ослободени од плаќање, од друга страна идете приватно.   

Министерот Сали признава дека се соочуваат со проблем за навремено давање на резултати, но причината ја лоцира во пост ковид периодот, кој е тежок за секој здравствен систем.

Задоцнување со дијагностика поради ограничување на работа во здравствени установи, непристапност на пациенти заради изолација и не одеа на прегледи и ред други нешта предизвика листата на чекање се зголеми. Напливот на пациенти во пандемијата не можеше да се систематизира навремено во било која здравствена установа.   

Тој решението го гледа во купување нови апарати и софтевер кои би биле ставени во употреба до јануари во употреба. На прашањето за негова евентуална смена министерот вели дека немал такви навестувања.

Мислам дека евентуална смена би било на барање на премиер, а не на поединци или било какво иницијатори за некаква смена на некој од дел од тимот на една влада, затоа што премиерот е тој што предлага до Собранието, а тоа изгласува, односно поддржува таков формат на влада.

Сали додава дека сака да промовира нова опрема која ќе биде корисна за пациентите, но недостатокот на кадар на Институтот за радиологија вели дека е прашање кое треба да биде поставено за Медицинскиот Факултет.

Нина  Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе