Вести Македонија Топ вести

Делегација на ЕУ: Опозицијата од зборови да премине на дела за заложбата за евроинтеграции

Опозицијата во еден момент ќе треба да ја преземе одговорноста и да го потврди она што секогаш го кажуваат на средбите со европските претставници, а тоа е дека се за членство во Европската унија. Ваква порака денеска стигна од заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во земјава, Џулијан Васало, зборувајќи за неопходните Уставни измени во земјава за вметнување на Бугарите во него, за да може земјава да премине во втората фаза од пристапните преговори, по завршување на скрининг процесот. Менување на Уставот, според вториот човек на европската делегација во земјава, е суверено право на секоја  земја, но оти Македонија дала заложба пред Бугарија дека ќе го направи тоа и сега од неа се очекува тоа да го исполни.

Во контекст на Бугарија и она што деновиве ја бранува македонската јавност, отворање на нов клуб на Бугарите во земјава, овојпат со контроверзното име бугарскиот цар Борис Трети, кој бил соработник на фашистите и кој во 1941 година го потпишал антиеврејскиот закон за Заштита на нацијата, Васало не одговори директно на новинарско прашање дали ЕУ ќе реагира на ваквите несоодветни провокации, но рече дека можеби е тешко да се прифати, но  одлуките за прием на нови членки Унијата ги носи со консензус, алудирајќи на потребата на Бугарија да даде зелено светло за членство за Макеоднија.

Вториот човек на амбасадата на ЕУ во земјава кој денеска одржа брифинг за новинарите на кој информираше за процесот на скринингот со кој почнаа пристапните преговори на земјава со Европската унија, за тоа дали Унијата ќе и помогне финансиски на земјава во купување на електрична енергија, конкретно од Бугарија, кратко рече дека Унијата нема да ја остави земјава сама и оти сите држави во Европа се соочуваат со енергетската криза.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе