Вести Најважни Свет

Прегратки и солзи на испраќањето на руските резервисти

Првите резервити започнаа да се собираат низ градовите ширум Русија, откако претседателот Владимир Путин нареди делумна мобилизација на резервниот состав на армијата. Илјадници мажи, веднаш по јавувањето во канцелариите за регрутација беа транспортирани до назначените касарни, додека роднините кои успеаа да стигнат навреме, за да се збогуваат, ги испраќаа со солзи во очите.

Што велат роднините? беше запрашан Дмитри Плашенко од Јакутск, кој денеска беше мобилизиран.

Плачат… Плачат… Најтешко е да се збогувате со децата, другото е…

Во регионот Јакутија на далечниот руски исток, стотици мажи денеска беа мобилизирани и ќе бидат испратени на фронтовите во Украина, која за нив е на другиот крај од светот.

Не очекував. Ја однесов ќерка ми во градинка и ми го дадоа на улица. Веднаш дојдов овде. Добар сум, смирен. Се надевам дека нема да бидат долго таму. Јас сум маринец, служев во Петропавловск. Пред 10 години, рече мобилизираниот Павел Соколов.

Пред своите роднини овие луѓе се осмелуваат да покажат само храброст, пред камерите исто така. Сепак, ова е народ кому војната му е туѓа. Од војните на Неполеон и француската реставрација, до Втората светска војна, Авганистан и Чеченија, руските војници биле испраќани насекаде низ светот од своите лидери. Но, овој пат, никој не се радува што ќе оди да ја брани татковината.

Секако дека сум подготвен, но не сега, овој пат не. Мислам дека ова не е моја војна. Мислам дека тоа е војна на Русите и Украинците. Не е моја, рече Михаил Винокуров од Јакутск.

Се регрутира во сите руски градови и региони. Се регрутираат дури и студенти, иако Путин, и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, потенцираа дека студентите се ослободени од наредбата за мобилизација.

Чекавме час и половина, потоа дојде комесарот за регрутација и рече дека веднаш заминуваме. Си помислив „прекрасно“. Излегов надвор и почнав да се јавувам, на родителите, на брат ми, на пријателите, да им кажам дека ќе ме одведат. Патем, сѐ уште учам, рече студентот Дмитри од Москва.

Наредбата за мобилизација беше дадена во средата вечерта, само еден ден подоцна мобилизираните резервисти започнаа да пристигнуваат во касарните. Путин и Шојгу соопштија дека ќе бидат повикани само 300.000 резервисти, иако Русија има огромен резервен состав на армијата од дури 25 милиони мажи, кои во последните 40 години служеле редовна војска.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе