Вести Македонија Најважни

Денеска трет ден дебатата за кризната состојба во енергетика

Денеска ќе продолжи дебатата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност за кризна состојба во енергетиката.Тоа ќе биде трет ден расправа во матичната комисија, а по нејзиното завршување на пленарна седница ќе може да се гласа да продолжи уште половина година кризната состојба во оваа област, што е во сила со одлука на Владата од 1 септември.

Владата со соседните земји постигнува договори за гарантиран увоз на струја и енергенси, но тие би се користеле само ако се исцрпат домашните извори на енергија.Според Битиќи, Владата е посветена на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима и потсети дека државата со 80 отсто ја субвенционира цената на електричната енергија за сите корисници на регулираниот пазар.

На билетаралната средба во Њујорк на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот за надворешни работи на Азербејџан се разговараше за енергетската криза и можностите за соработка во делот на обезбедување енергенси и можноста за приклучување на гасоводната мрежа.

-За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните гасоводни системи е приоритет, потенцираа Според вицепремиерот Битиќи,  во период на криза како сегашната дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи, а важно е да имаат ефект одлуките што ги носат сите чинители. На крај на годината, смета Битиќи, просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 проценти, што потенцираше дека е доста добра стапка.

Владата завчера донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и големо за следните три месеци, односно до крајот на годината. Со тоа е продолжена важноста на тековната одлука за таа намена, чија важност е до крајот на месецов.Одлуката  се носи заради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе