Вести Македонија Најважни

Џафери со предупредување: Краен рок за изгласување кризна состојба е 28 септември

Краен рок за изгласување кризна состојба е 28 септември, за да може да стапи на сила од 1 октомври. Вакво предупредување им испрати спикерот Талат Џафери на пратениците кои продолжуваат со маратонски дискусии во Комисијата за одбрана и безбедност. Власта уверува дека кризната состојба овозможува да се преземат брзи и неопходни мерки, а опозицијата прво бара одговори за состојбите со енергенсите, а потоа – ќе даде поддршка.

До среда – 28 септември, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба во периодот од 1 октомври до 30 април. Спикерот Талат Џафери предупреди дека било каква дебата или гласање потоа, би биле бесмислени.

Опозицијата најави дека ќе даде поддршка. Но, прво бара одговори: колку ќе `не чини производството на струја во споредба со лани, кој краде струја, што се случува со ноќните вишоци, колкави се залихите на јаглен и мазут, колкави се хидро-капацитетите и друго. Уверени се дека Владата реагира предоцна.

Владата бара прогласување кризна состојба за да се отворат механизми за справување со кризата која се очекува да трае цела зима. Ресорните мин истри објаснуваат дека на регулираниот пазар, цената на струјата за 70 илјади мали стопанственици е гарантирана според одлуките на Регулаторната комисија, а за 650 илјади домаќинства зголемувањето е само 7,5 одсто.

Власта побара да не се дискутира но да не се блокира работата на комисиите. Попладнево, продолжи расправата во матичната Комисија за одбрана и безбедност. По неа, за кризните состојби со струјата и греењето во Скопје треба да расправа и Законодавно-правната комисија, за да може наредната недела да се гласа на пленарна седница.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе